Белград – Ниш – Лесковац

  • Екскурзија
  • Траење: 4 дена
  • Локација: Белград – Сремски Карловци – Нови Сад – Ниш – Лесковац
Belgrad,-srbija

Белград, Србија

1 ден: Поаѓање од Охрид во 21:00 часот од пред просториите на Венус Травел. Патот води преку граничниот премин „Табановце“ со попатни паузи до Белград.

2 ден: Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален туристички водич: православниот храм Св. Сава, куќата на цвеќето на Дедиње, железничката станица, „Славијаија“, палатата Албанија, плоштадот на Републиката, домот на синдикатот, градското собрание, државното собрание, ботаничката градина, црквата Св. Марко, Калемегдан, Бранков мост, устието… Сместување во хотел 3*. Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг во центарот на Белград. Ноќевање.

3 ден: Целодневен факултативен излет до Фрушка гора и посета на манастирите: Мала Ремета – посветен на Богородица изграден во 1546 година, манастирот Гргетег кој го оснивал Вук Бранковиќ и изграден во половината на 15 век и посветен на Св. Никола и во кој се наоѓа најдобрата копија на иконата Мајка Божја трорака, манастирот Ново Хопово посветен на Св. Никола и изграден во 1576, и манастирот Крушедол посветен на Благовештение а изграден од Свети Максим заедно со својата мајка Ангелина а со помош од влашкиот војвода Јован Нјагоја. По обиколката на Фрушкогорските манастири одиме за Сремски Карловци. Таму ќе посетиме: ризницата во Патријаршкиот двор, Првата Српска гимназија, капелата „Госпа од мира“, музејот на пчеларството на фамилијата Живановиќ со дегустација на мед и вино, соборната црква Св. Никола, Римокатоличката црква Пресветото тројство и чешмата „Четири лава“… Продолжуваме за Нови Сад – Петроварадинска тврдина, римокатоличката црква, собранието, катедралата, Јован Змаевата улица, Дунавска улица… Враќање во Белград во касните попладневни часови. Мал одмор и заминуваме на факултативна свечена вечера во национален ресторан. Ноќевање.

4 ден: После доручекот одјава од хотелот и заминување за Ниш. Разгледување на Нишката тврдина (стамбол капија, римската палата со октагонот, римското купатило, лапидариум, арсеналот, ковачницата, барутаната, амамот, Бали Беговата џамија, …) Медијане, Ќеле кула, црквата на Царот Константин,, Соборната црква, црквата закопана во земја (Балибегова црква) градското собрание, музејот, … Попладне заминуваме за Лесковац со посета на Сопџокичева куќа, соборната црква, црквата закопана во земја,… После разгледот факултативен ручек во најпознатиот ресторан во градот со прочуената лесковачка скара. После ручекот заминуваме кон Охрид. Пристигнување во Охрид во касните вечерни часови.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Автобуски превоз со модерен туристички автобус на релација Охрид – Белград – Охрид
  • Сместување во хотел со 3* на база ноќевање со појадок
  • Разглед на Белград со локален туристички водич
  • Разглед на Ниш со локален туристички водич
  • Разглед на Лесковац со локален туристички водич
  • Пратител за цело време на патувањето
  • Пратител за цело време на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Фрушкогорските манастири, Сремски карловци и Нови Сад
  • Свечена вечера во национален ресторан во Белград
  • Ручек во Лесковац
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed