Будимпешта

  • Екскурзија
  • Траење: 5 дена
  • Локација: Будимпешта
Budimpesta-1

Будимпешта, Унгарија

1 ден: Поаѓање од Охрид во 15 часот од пред просториите на Венус Травел. Патот води преку граничниот премин „Табановце“ низ Србија со попатни паузи до Будимпешта.

2 ден: Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален туристички водич: ПЕШТА – Милениумскиот споменик, Патламентот, градскиот парк, улиците Андраши и Ракочо, црквата Св. Стефан… БУДИМ – мостовите на Дунав, Цитаделата, тврдината на кралските палати, црквата на кралот Матејас, рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Вечерта факултативно крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: После појадокот заминуваме на факултативен полудневен излет во Сент Андреја – познато туристичко место на обалата на Дунав со стара архитектура и уникатни ракотворби, музеи, галерии, уметници… Враќање во хотел и припрема за факултативна вечера во национален ресторан – ЧАРДА. Ноќевање.

4 ден: По појадокот прошетка низ центарот на Будимпешта- Ваци една од најпознатите улици, посета на трговски центар или индивидуални прошетки и посета на културно историски споменици. Попладне заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден: Пристигнување во Охрид во предпладневните часови.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Патување со модерен туристички автобус на релација Охрид – Будимпешта – Охрид
  • Сместување во хотел 3* на база ноќевање со појадок
  • Разгледување на Будимпешта со локален туристички водич
  • Организација и водство на аранжманот

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Вечера во национален ресторан – ЧАРДА
  • Крстарење со брод
  • Полудневен излет во Сент Андреја
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed