Венеција – Верона – Милано

  • Екскурзија
  • Траење: 5 дена
  • Локација: Италија
  • ГРАТИС ИЗЛЕТ ВО МЕТЕОРИ!
venecija-gondola

Венеција, Италија

1 ден: Тргнување од Охрид во 22:00 часот од пред канцеларијата на Венус Травел. Патот води преку граничниот премин Меџитлија во Грција. Ноќно патување со попатни паузи. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови. Влегување на луксузен брод за Венеција – Италија. Дневна пловидба по Јадранско море со забави на бродот (ресторан, кафуле, продавници…)

2 ден: Пристигнување во Венеција рано наутро. Разглед на градот со локален туристички водич (плоштадот и катедралата Св. Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, затворот, мостот Риалто, големиот канал…). Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Попладнето продолжуваме за Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Организирана забава во ресторан. Ноќевање.

3 ден: После доручекот заминување за Верона. Организирана прошетка низ познатата пешачка улица која изобилува со ренесансна архитектура, Големата арена, плоштадите Ербе и Бра, замокот Векио, куќата на Јулија… Продолжуваме за Милано. Панорамски разглед на Милано и прошетка низ центарот на градот каде се сместени најпознатите робни куќи во светот, брендираните бутици и продавници. Можност за запознавање на вториот по големина град во Италија – Миланската Скала, катердалата Ел Дуомо, замокот Сфрорца… Враќање во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден: После доручекот заминување за Венеција. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Околу пладне групата се собира на договорено место и се упатуваме кон венецијанското пристаниште. Влегување на бродот и крстарење по Јадранско море кон Игуменица – Грција. Продолжува забавата на бродот до касните вечерни часови.

5 ден: Пристигнување во Игуменица во утринските часови. Продолжуваме до манастирскиот комплекс Метеори во Грција. Посета на манастирот Голема Метеора. После разгледот на манастирот одиме во посета на фабриката за рачна изработка на икони. Слободно време за ручек во Каламбака. Продолжуваме кон Охрид со попатна посета на граничниот free shop. Пристигнување во Охрид во попладневните часови.


AIRSEAT – авионски седишта,
двокреветна кабина,
трокреветна кабина,
четворокреветна кабина

Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадената релација
  • Пловење со брод на релација Игуменица – Венеција – Игумениц
  • Сместување во хотел со 3*** во Лидо Ди Јесоло на база BB(2 ноќевања
  • Разглед на Венеција со локален туристички водич
  • ГРАТИС излет на Метеори
  • Пратител на групата за цело време на патувањето
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет во Верона и Милано, (минимум 30 патници)
  • Организирана прослава во ресторан
  • Билет за Голема Метеора – 3 евра
  • Влезници за музеите, палатите и културно – историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed