Закинтос – Лаганас

  • Траење: 8 ноќи/превоз
  • Локација: Лаганас, Закинтос
  • Цена: 

Шести по ред во низата на острови, познати како “ЈОНСКИТЕ БРАЌА“, Закинтос е уште познат под Италијанското име “Il Fiore Di Levante” (Цветот на истокот), дадено од Венецијанците кои овде биле присутни неколку стотици години и оставиле неизбришлив траг во историјата, традицијата и карактерот врз жителите на овој преубав остров… Со своите природни убавини, прекрасни плажи, места за забава, Закинтос е секоја година вбројуван во 10-те топ дестинација за летување на Медитеранот. ЛАГАНАС е местото кое го одбравме за Вас, оддалечено 9 км. од Занте – главниот град на островот, изобилува со многу маркети, сувенирници, ресторани, кафетерии, диско-клубови, ноќни барови и секако – долга песочна плажа, која се протега долж местото.

Понудaтa е во изработка!

Вила ЗАНТЕ Д’ОРО

Се наоѓа на 50м од плажа и на 500м од центарот на Лаганас. Располага со двокреветни студија во кои има можност за додавање на дополнително легло. Сите соби располагаат со комплетнo опремена кујна, купатило, балкoни, ТВ, WI-FI. Секое студио е опремено со клима уреди со доплата. Во оваа вила имате можност за користење на базен кој се наоѓа во соседната вила.

  НАПОМЕНА:

  • Попустите можат да се искористат само при користење на пакет аранжман (наем на студио или апартман + автобуски превоз и бродски превоз)
  • За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од сумата, додека останатите 50% да се доплатат додека е месечниот попуст.
  • При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога се ќе се изврши промената.

 

Comments are closed