За нас

T.A. Венус Травел од Охрид поседува лиценца А за вршење комплетна туристичка дејност.

Започна со работа во 2013 година со искусна и стручна екипа која ги препознава потребите и желбите на клиентите. Во Венус Травел невозможното станува возможно и неостварливото се остварува.

Велат дека во животот можат да ви одземат се освен сеќавањата. А сеќавањата од патувањата или одморите се највпечатливи. Сега е време да направите вистински избор. Понудите се многубројни, но само една е вистинската – Венус Травел – Охрид, со ТРАДИЦИЈАИСКУСТВОВИСОК ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, едноставно ВАША – како член од вашето семејство.

Доживејте го вистинското и незаборавно задоволство и поминете незаборавни моменти со некој од нашите аранжмани. Кај нас се случува со динамика на сигурност затоа што ние сме чекот пред другите. Вашите идеи и желби ги преточуваме во реалност и навистина многу пријатно ќе се изненадите што се можеме да направиме за Вас. Ваше е само да одберете една од следните дестинации: Атина, Солун, Халкидики, Будимпешта, Истанбул, Нишка Бања, Брњачка Бања, Нови Сад, Белград, Паралиа, Парга, Прага, Рим, Милано, Венеција, Дубаи, Софија, Банско, Боровец, Сандански, Виена, Париз, Дразден, Дубровник и многу други…

Во Венус Травел веруваме дека се што е убаво треба да се подели.

Венус Травел – откривање на сите убавини и чуда, запознавање на нови простори и цивилизации. Искористете ја можноста што на почетокот е чудо од задоволство, а следниот миг реалност во која бескрајно ќе уживате.

Венус Травел – Ваш пријател, затоа што се грижи за убавата страна на животот.

Т.А. Венус Травел е организаторот на патувањето. За патниците на Р.М. информации, пријави и резервации може да се извршат како во нашата агенција така и во другите агенции кои имаат Договор за дистрибуција на програмот. Резервација на место се остварува со уплата на аконтација, а гаранција се депонира пред поаѓање на патникот. Доколку во предвидениот рок не се депонира гаранцијата аранжманот се смета за откажан.

Т.А. Венус Травелсе обврзува депонираната гаранција да ја реализира согласно со договорот со патникот. Уплата на аконтација 30% при резервација, депонирање на гаранција за останатите 70% кои ќе се реализираат во готово или со отплата за рати. Доколку патникот го откаже патувањето пред терминот на поаѓање се пресметуваат следниве пенали:

  • 5% – ако патувањето се откажува 30 дена пред почетокот
  • 15% – ако патувањето се откажува 29-15 дена пред почетокот
  • 40% – ако патувањето се откажува 14-8 дена пред почетокот
  • 85% – ако патувањето се откажува 7-1 ден пред почетокот
  • 100% – ако патувањето се откаже пред почетокот на патувањето

Во наведениот износ пресметани се манипулативни трошоци. Критериумите на право за рефундација можат да се менуаат само во исклучителни ситуации, како тоа го предвидува законот за облигациони односи. Исто така доколку откажувањето на патувањето предизвикува трошоци од задржаниот износ, организаторот го задржува правото да во исклучителни ситуации бара надомест во висина на разликата.

ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО ДА ОТСТАПИ ОД ДОГОВОРОТ. Организаторот на патувањето може да одстапи од договорот потполно или делумно, без овврска за надомест на штета, само доколку пред или во време на извршувањето настанат вонредни околности кои биле непредвидливи, а невозможнопст за обезбедување на минимален број на патници, но затоа ја превзема на себе обврската да благовремено ги извести патниците во рок кој не смее да биде пократок од 5 дена, освен во отстапување на ситуација на виша сила.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ. Цена на аранжманот претставува нераскинлива целина на авиопревоз, хотелски и други услуги, што значи дека патник кој купил аранжман а не користел сообраќајни и други услуги не полага право на рефундацја на неискористен дел на услугата.

ДЕВИЗНИ И ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ. Патниците се должни да ги почитуваат сите македонски и странски царински и девизни прописи. При излегувањето од земјата, сите патници на царината се должни да ги пријават сите предмети од вредност кои ги изнесуваат од земјата, техничката роба која подлежи на царински прописи. Патник на кого имиграционите власти му одбиле влез во земјата, нема право на никаква рефундација на платениот аранжман и трошоци.

РЕКЛАМАЦИЈА И РЕФУНДАЦИЈА. Сите рекламации и барања за рефундација се примаат најдоцна до 28 дена по завршетокот на патувањето. Патникот е должен да се обрати до продажното место каде го уплатил аранжманот и да поднесе писмено барање и задолжително да приложи потврда за неискористени хотелски и туристички услуги, доколку бара рефундација. Со барањето за ракламација/ рефундација патникот ги доставува и кориците на ваучерот и авиобилетите. Без овој прилог барањето не се зема на разгледување. Исплатата на позитивно решените барања ке се изврши преку деловницата каде што е извршена уплатата. Непочитувањето на прописите кои предизвикуваат забрана за патување во странство, нема да се прифатат како рефундација на неискористен аранжман.

ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО. Организаторот на патувањето со договор за патување се обврзува да му пружи на патникот услуги како што се превоз, престој и други услуги кои се со нив врзани, а патникот се обврзува на организаторот да му плати вкупна цена. Организаторот на патувањето е должен на патникот да му пружи услуги кои имаат содржина и својство предвидени со договорот односно програмата на патување и да се грижи за правата и интересите на патникот, согласно со добрите деловни обичаи. Организаторот на патувањето одговара за штетата која ја предизвикува заради целосно или делумно неизвршување на обрвските, кои се однесуваат на организирање на патувањето (во договорот). Патникот има право да непосредно од трето лице одговорно за штета бара целосно или дополнително надоместување за претрпена штета. Паатникот е должен на организаторот на патувањето да му ги отстапи документите и се што е потребно за остварување за правото за надомест на штета (закон за облигации).

Comments are closed