Истанбул

  • Екскурзија
  • Траење: 4 дена
  • Локација: Истанбул
hagia-sophia-01

Истанбул, Турција

1 ден: Поаѓање од Охрид во 17:00 часот од пред просториите на „Венус Травел“. Патот води преку граничниот премин „Меџитлија“ во Грција. Посета на граничниот free shop. Ноќно патување со попатни одмори.

2 ден: Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со лиценциран туристички водич и посета на Златниот рог, Хиподромот, Римскиот Аквадукт, плоштадот Таксим, Ак Сарај, Универзитетот, Бајазитовата џамија. Сината џамија, Аја софија – некогашна најголема црква во светот… Сместување во хотел. Попладне посета на Капали чаршија – најголем и најстар покриен Пазар со преку 4500 продавници. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: После доручекот факултативна посета на најголемите културно и историски објекти во Истанбул: Топ Капи – резиденцијата на султан Сулејман и Хурем и седиште на Отоманската империја, Долмабахче – последното седиште на султанот и кое содржи музејска збирка од непроценливо богатство. Касно попладне враќање во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Вечерта факултативна посета на национален ресторан со програма и мени од Турската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: По доручекот факултативно крстарење по Босфор. Попладне посета на трговски центар и шопинг. Поаѓање за Охрид. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Охрид наредниот ден во раните утрински часови.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3*** во центарот на Истанбул (2 ноќевања со појадок)
  • Панорамски разглед на Истанбул со професионален водич
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител за цело време на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Посета на Aja Софија, Топ Капи, сината џамија (вклучена влезница, слушалки и водич) – 40 евра
  • Посета на и Долмабахче – 30 евра
  • Крстарење по Босфор – 20 евра
  • Свечена вечера со ориентална музика, стомачен танц и фолклор
  • Влезници за музеите, палатите и културно – историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed