Истанбул

  • Шопинг тура
  • Траење: 3 дена
  • Локација: Истанбул
bosfor

Истанбул, Турција

1 ден: Поаѓање од Охрид во 17:00 часот од пред просториите на „Венус Травел“. Патот води преку граничниот премин „Меџитлија“ во Грција. Ноќно патување со попатни одмори.

2 ден: Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со лиценциран туристички водич и посета на Златниот рог, Римскиот Аквадукт, плоштадот Таксим, Ак Сарај, Универзитетот, Таксим, Чемберлиташ – столб со обрачи од византијско време, Хиподром – поранешно седиште на Византијската моќ, Теодосиев обелиск, Египетскиот обелиск, Плава џамија – една од најраскошните и најспектакуларни џамии во светот, Аја Софија – некогашна најголема црква во светот, палатата Топ Капи – резиденцијата на султан Сулејман и Хурем и седиште на Отоманската империја.Сместување во хотел. Попладне посета на Капали чаршија – најголем и најстар покриен Пазар со преку 4500 продавници. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по Аксарај. Враќање во хотел. Факултативно крстарење по Босфор: Златниот рог – најубавиот дел на Истанбул, Галата мост и Галата кула, палатата Долмабахче – последното седиште на султанот, Бешикташ – модерен кварт на градот со стадионот на истоимениот фудбалски клуб, квартот Ортокој, Руменли хисар – прочуена византиска тврдина, Једи куле (седум кули), моминската кула, палатата Јилдиз и др.. Факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

3 ден: После доручекот слободно време за шопинг по бутиците во Аксарај. Попладне посета на трговскиот центар Форум, еден од најголемите и најмодерни шопинг центар во Истанбул. Касно попладне заминување за Охрид. Ноќно возење со попатни паузи.

4 ден: По доручекот факултативно крстарење по Босфор. Попладне посета на трговски центар и шопинг. Поаѓање за Охрид. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Охрид наредниот ден во раните утрински часови.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3*** во центарот на Истанбул (1 ноќевање со појадок)
  • Панорамски разглед на Истанбул со професионален водич
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител за цело време на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Посета на локалитетите Аја Софија, Плава џамија и Топ Капи (вклучена влезница, слушалки и водич)
  • Крстарење по Босфор –Вечера во национален ресторан
  • Влезници за музеите, палатите и културно – историските споменици
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed