Италија – Хрватска

  • Локација: Италија, Хрватска
  • Траење: 5 дена
  • Цена: 219 евра (13580 денари)
venecija-cover

Венеција, Италија

1 ден (07.10.2016): Поаѓање од Охрид во 15:00 часот од пред просториите на Т.А. „Венус Травел“. Патувањето води преку Србија, Хрватска и Словенија до Италија. Претежно ноќно патување со попатни паузи.

2 ден (08.10.2016): Пристигнување во Лидо Ди Јесоло околу пладне. Сместување во хотел. Попладне одиме на разглед на Венеција со поаѓање од пристаништето Пунта Сабионе. Трансфер со брод. Разглед на градот со локален туристички водич (плоштадот и катедралата Св. Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишките, затворот, мостот Риалто, големиот канал…). Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

3 ден (09.10.2016): Појадок. После појадокот заминување за Верона. Организирана прошетка низ познатата пешачка улица која изобилува со ренесансна архитектура, Големата арена, плоштадите Ербе и Бра, замокот Векио, куќата на Јулија. Можност да се проба од прочуениот сладолед и еспресо. Попладне прошетка и по центарот на Милано, светскиот центар на модата и уметноста и можност за посета на Катедралата Ел Дуомо. Враќање во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден (10.10.2016): Појадок. После појадокот тргнување за Трогир. Пристигнување во Трогир касно попладне. Сместување во хотел.Следува излет во Сплит. Слободно време предвидено за индивидуални прошетки по прекрасниот кеј со стари палми. Враќање во Трогир. Ноќевање.

5 Ден (11.10.2016): Појадок. После појадокот продолжување на патот за Дубровник. Разглед на градот низ стариот дел на градот, Страдун и посета на познатата катедрала Свети Влах. Попладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во Охрид во ноќните часови.

Цена: 219 евра (13580 денари)

Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Две ноќевања со појадок во Лидо Ди Јесоло (хотел со 3*)
  • Едно ноќевање со појадок во Трогир (хотел со 3*)
  • Разглед на Дубровник
  • Пратител од агенцијата за цело време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Венеција со локален водич и трансвер со брод (Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабионе) – 20 евра
  • Излет во Верона и Милано – 20 евра
  • Излет во Сплит – 5 евра
  • Патничко осигурување
  • Влезници за културно историски споменици и музеи
  • Индивидуални трошоци

Пакет факултативи 40 евра

Напомени во врска со факултативните излети: цените на факултативите се подложни на измени во зависност од бројот на патници. Неопходен минимален број за изведување на факултативен излет е 30 патници – а во слушај на помал број пријавени патници цената на факултативата е подложна на измена према условите на локалната агенција инфо-партнер и организаторот на излетот го задржува правото да понуди корегирани, повисоки цени во однос на заинтересираниот број на патници кои истите не се обврзани да ги прифатат.

НАПОМЕНА:

  • Проверете го точното време и место на тргнување 2 дена предходно
  • Кај автобуските аранжмани предвидени се паузи на околу 3-4 саати возење. Паузите се на попатните уредени паркинзи или бензински пумпи а во зависност од условите на патот и капацитетот на паркингот или бензинската пумпа.
  • Времетраењето на слободното време за индивидуални активности во текот на програмата за патување зависи од објективни околности (пр. Должина на траење на разгледот, терминот на поаѓање…)
  • За сите информации кои се дадени усно или преку телефон агенцијата не сноси никаква одговорност. Валиден е само пишаниот програм за патување истакнат во просториите на агенцијата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмот за патување поради непредвидливи и објективни причини (пр. Гужва на граница, гужва во сообраќај, затварање на некој од локалитетите предвидени за посета…)
  • Потписникот на договорот за патување или претставниците на група патници обавезни се да ги обавестат сите патници со договорениот програм на патување, условите за плаќање и осигурување како и за општите услови за патување на организаторот на патувањето.
  • Малолетните патници доколку патуваат без родители или само со еден родител мораат да имаат заверена согласност од родителите или од другиот родител.
  • Патниците кои имаат странски пасоши должни се сами да се информираат кај надлежниот конзулат или амбасада за условите кои важат за земјата на патување или транзитната земја и самите благовремено и уредно да ги обезбедат потребните услови и документи.

КАЛКУЛАЦИЈАТА Е НАПРАВЕНА ЗА 45 ПЛАТЕЖНИ ПАТНИЦИ, МИНИМАЛЕН БРОЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОГРАМ Е 45 ПАТНИЦИ А ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОВОЛЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПЛАТЕЖНИ ПАТНИЦИ АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ИЛИ СПОЈУВАЊЕ СО ДРУГА АГЕНЦИЈА. ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОТКАЗНИОТ РОК НА АГЕНЦИЈАТА Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ. ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВЕНУС ТРАВЕЛ НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ДРУГИ УСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ.

ВАЖНА НАПОМЕНА: НАВЕДЕНИТЕ ВРЕМЕНСКИ ТЕРМИНИ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНА ВО СЛУЧАЈ НА НЕПРЕДВИДЛИВИ ОКОЛНОСТИ НА ПАТУВАЊЕТО. ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ЌЕ БИДЕ УТВРДЕНО ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ, А ОСТАНАТИТЕ ВРЕМЕНСКИ ТЕРМИНИ НА САМИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ПАТНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ОД СТРАНА НА ВОДИЧОТ НА КОНКРЕТНОТО ПАТУВАЊЕ.

 

 

Comments are closed