Канали – Превеза

  • Траење: 7 и 8 дена – Дестинација за оние кои сакаат вистински мир
  • Локација:  Канали, Превеза
  • Цена: од 59 Еур

Канали е приморско место областа Превеза северозападна Грција, се наоѓа на брегот на Јонското Море, 12 километри северно од Превеза и 35 километри од Лефкада. На 6 километри од ова место е лоциран античкиот град Епир. Местото располага со пространа песочна плажа со голем број на барови слична на таа во популарното туристичко место Врахос.

Вила МАРГАРИТА

Маргарита Апартмани се наоѓаат на 50 метри од прекрасната плажа во Каналис.
Вилата располага со прекрасен голем двор со маслинови дрва, простор со лулашки за играње на децата, скара на отворено, летниковци за одмор ….
Сите студиа се опремени со телевизор, клима ( вклучена во цената ), кујна и wc.
Маргарита Апартмани обезбедува бесплатен Wi- Fi во јавни површини и сопствен паркинг.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА)

  • – 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.05.2017
кликнете за да го зголемите ценовникт

На Промо цените не следува early booking попуст.

Цените во табелата се дадени по студио за 7 или 8 ноќевања во евра без попуст, плаќањето е во денарска противредност 1 Евро = 61.8 Денари

Клима уредот е вклучен во цената

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Каналис кој чини:

– Доплата за автобуски превоз 45 Еур возрасни, 30 Еур деца 02-12 год, од Скопје, Штип, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Кавадарци, Велес, Неготино и Гевгелија
– Доплата за автобуски превоз 40 Еур возрасни од Битола и Прилеп.

* За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
* Попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
* Важат Општите услови на Венус Травел

 

Време на поаѓање за Каналис:

01:00 h Скопје (Дрводекор)

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)

12:45 h Штип (паркинг пред пошта)

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)

04:00 h Битола (Пред спортска Сала)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Comments are closed