- Еднодневен излет
- Траење: 1 ден
- Локација: Кожани – Лерин

Лерин, Грција
Поаѓање во 06:00 часот од Охрид за Кожани. Патот води преку граничниот премин Меџитлија со попатни паузи. Пристигнување во Кожани околу пладне. Слободно време за шопинг во најголемиот центар на балканот за преработка и трговија со кожа (од тука и името на градот) После слободното време и шопингот одиме на организиран ручек во ресторан.
После ручекот заминуваме за Лерин. Лерин е погранично мало гратче кое е познато по евтини цени во продавниците. Слободно време за шопинг и други активности. Касно попладнето заминување за Охрид со попатна пауза на free-shop. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.
Во цената се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Ручек во Кожани
- Организација и водство на аранжманот
Во цената не се пресметани следните услуги:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ