Лефкада Агиос Никитас

  • Траење: 7 дена
  • Локација: Лефкада, Агиос Никитас
  • Цена: од 49 до 419 €

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia..

Студија СПИРОС

се сместени во северозападната страна на островот Лефкада на 300 метри од магичната песочна плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија опремени во традиционален стил: телевизор, клима ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА , кујна, купатило и тераса . Сите студија излегуваат на поврзана тераса со делумен поглед на море. ЕКО студијата се наоѓаат на приземје и се со помала квадратура од стандардните студија, опремени стандардно со тоалет, клима, ТВ и кујна..

НАПОМЕНА: Студијата заради ограниченоста на просторот, се со типичен традиционален изглед, скромен квалитет и мала комфорност.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА) :

  • -10% за уплата до 01,05,2017

кликнете за да го зголемите ценовникот

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Лукоил) – Трансфер до Битола  – 45€ (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз) по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз)

– Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Пред спортска Сала)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Comments are closed