Лефкада Катизма

  • Траење: 7 дена
  • Локација: Лефкада – Катизма – Агиос Никитас
  • Цена: од 49 – 419 Еур

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја… Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма… со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

КАТИЗМА – АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Прекрасна долга и пространа плажа, која ве мами со самото прво видување: бела песок, тиркизно море, широк простор на кој има место за сите, за оние кои сакаат да се на уреден дел со лежалки чадори и музика, но и за оние кои сакаат да се на мирен дел каде  во мир ќе уживаат во престојот. Плажата е ориентирана западно, па сонцето заоѓа долго и убаво, што денот се продолќува се до 21 часот. Додека пак селцето Агиос Никитас оддалечено 2 км од плаќата  сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Вила ЈОНИО

се наоѓа на оддалеченост 2км од Катизма и 1 км од Агиос Никитас, во идиличен дел на недопрена природа со широк двор со многу зеленило, прикладен паркинг за возила и место за заедничко дружење на гостите. Располага со 10 студија кои се со поглед кон заливот на Агиос Никитас, комплетно опремени со тоалет, кујна, ТВ и големи тераси. Вилата е идеална за патници кои се со сопствен превоз и сакаат да ја прошетаат Лефкада, а за патниците кои се со организиран превоз нудиме изнајмување на моторчиња или коли по одлични цени.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА) :

  • -10% за уплата до 01.05.2017
кликнете за да го зголемите ценовникот

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Лукоил) – Трансфер до Битола  – 45€ (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз) по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лукоил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз)
– Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукoил)
04:00 h Битола (Пред спортска Сала)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Comments are closed