Лефкада Нидри

  • Траење: 7 дена
  • Локација: Лефкада, Грција
  • Цена: од 49 до 419 €

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја..

Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма… со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Студиа АФРОДИТИ

на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА) :

  • -10% за уплата до 01.05.2017

кликнете за да го зголемите ценовникот

 

Вила ВОУЛА – Нема Понуда

се наоѓа во непосредна близина на центарот каде има многуте таверни и шеталиштето на 350 метри од плажа. Студиа Вула имаат уреден двор со  зеленило, игралиште за деца . Она што оваа вила ја прави посебна е прекрасниот базен уреден со лежалки и пул бар. Исто така вилата има и паркинг во близина. Студијата се  опремени со мали  кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/на ден . Сите студија се за 2 лица.

 

Comments are closed