Лефкада Никиана

  • Траење: 7 дена – Никиана симпатична мала плажа во мирно селце, на само 20 м од студијата, идеално за семејства
  • Локација: Никиана, источен брег на Лефкада (3 км од Нидри, 9 км од Лефкас)
  • Цена: од 49  до 419 Еур

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас  и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!

– одличен квалитет со 4 креветни студија идеални за фамилии
– приватна  плажа во непосредна близина  на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите

Вила ПОРТО ФИНО

сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со осум убаво опремени студија за 4 лица кои имаат 1 брачен кревет и 2 кревети на спрат. Сите студија се опремени со кујна, клима, телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА) :

  • -10% за уплата до 01.05.2017

кликнете за даго зголемите ценовникот

Comments are closed