Лутраки

  • Еднодневна екскурзија
  • Траење: 1 ден
  • Локација: Лутраки
lutraki7

Лутраки, Грција

ЛУТРАКИ е мало туристичко место со околу 2000 жители и се наоѓа на само 90 км од граничниот премин Меџитлија. Ова место со своите термални лековити извори било познато уште од времето на Александар Мaкедонски. Од 1992 год. Туризмот значително се развива и денес има голем број на хотели и апартмани ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници, кафетерии. Овде посетителот може да ги комбинира топлите минерални извори со планинарењето, посета на уникатната по свој вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан) Областа е планинска и течењето на топлите и ладните води заедно со богатството на флора му дава на овој регион уникатна убавина. За прв пат во далечната 1920 год. За прв пат овој регион е прогласен за „природна бања“. Температурата на водата изнесува помеѓу 37 и 38 степени. Терапијата во оваа вода помага кај некои кожни болести, бронхит, реума, нервоза, дишни органи, мигрена, камен во бубрег и исто така ја подмладува кожата.

Поаѓање од Охрид во 06:00 часот. Патот води преку граничниот премин „Меџитлија“ со попатни паузи. Пристигнување во Лутраки пред пладне. Слободно време за прошетка, шопинг или капење во термалните извори. Факултативен ручек во ресторан. После ручекот слободно време. Поаѓање за Охрид во касните попладневни часови. Попатна пауза на free shop. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.


Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Пратител на групата за цело време на патувањето
  • Организација и водство на аранжманот

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Ручек во ресторан со национална храна и музика
  • Патничко осигурување 130 денари
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed