Пaксос

  • Екскурзија
  • Траење: 4 дена
  • Локација: Паскос – неоткриениот рај во Јонското море
paksos00

Паксос, Грција

Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза. Источното крајбрежје е со питоми плажи додека западниот брег е со стрмни карпи, сводови и пештери. Главен град на Паксос е Гаиос, живописно градче кое е изградено околу едно рибарско пристаниште заштитено со две островчиња Св. Никола и Богородица. На северната страна се наоѓа селото Лака кое е второ по големина и во кое се наоѓа прекрасен залив кој е магнет за сопствениците на јахти и глисери. На источната страна се наоѓа шармантното село Логос кое е познато по многубројните таверни и барови сместени околу романтичното пристаниште. На овој остров ќе наидете на една релаксирачка атмосфера со многу љубезни и гостопримливи жители. Паксос има постојани 2300 жители.

1 ден: (05.09.2015) Поаѓање од Охрид за Игуменица во раните утрински часови. Патот води преку граничниот премин „Меџитлија„. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Игуменица во предпладневните часови. Качување на фериброд и пловење до островот Паксос. Сместување. Слободно време за индивидуални прошетки по живописните улички на градчето и пристаништето или посета на една од многуте прекрасни плажи. Ноќевање.

2 ден: (06.09.2015) Предпладне одиме на факултативна прошетка со брод до островот Антипаксос. Овој Остров се наоѓа јужно од Паксос и е долг 4 км а широк 2 км. Овде туристите воглавно доаѓаат на еднодневни излети со бродчиња и ги посетуваат прекрасните плажи прекриени со ситни каменчиња (не песок). На островот живеат околу 150 жители во лето а преку зима само 40. Попладне се враќаме на Паксос. Слободно време за одмор или прошетка. Вечерта можност за организирана факултативна вечера во една од познатите таверни во Гаиос пропратена со звуците на традиционалната музика и националната кујна. Ноќевање.

3 ден: (07.09.2015) Предпладне можност за факултативна посета на Крф. Крф е острово со бескрајни природни убавини, острово на песната и музиката, уметничка инспирација, комбинација на космополитското и традиционалното. На овој остров се наоѓаат прекрасни плажи и многубројни заливи. Попладне враќање на Паксос. Слободно време.Ноќевање.

4 ден: (08.09.2015) Предпладне слободно време за прошетка или плажа. Околу пладне заминуваме за Охрид. Патување низ Грција со попатни паузи.


Начин на плаќање: 30% при резервација, останатиот дел 15 дена пред тргнување

Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со автобус до дадената релација
  • Сместување во приватни студија (три ноќевања)
  • Карта за фериброд на релација Игуменица – Паксос и обратно
  • Реализација и водство на аранжманот

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Излет до Антипаксос
  • Излет на Крф
  • Вечера во таверна
  • Влезници за културно историски објекти
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ. Во случај на недоволно пријавен број на патници, агенцијата го задржува правото на корекција на цената или откажување на патувањето најкасни 5 дена пред тргнување.

Comments are closed