Парга

  • Траење: 7 и 8 дена во најшармантното гратче на Епир
  • Локација: Парга, Грција
  • Цена: од 79 до 419 €

Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Студиа ФИОРЕ

180 метри од плажа(идиличната Писо-Kрионери), со одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се комплетно реновирани во 2011, опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија, секои 3 дена чистење на апартманите. Студиата се со модерен дизајн и соодветна пространост, идеални за комфорен семеен одмор, некои се со поглед на  море.

EARLY BOOKING (ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА) :

  • -10% за уплата до 01.05.2017

кликнете за да го зголемите ценовникот

Во цената (освен за промо пакетите 7н по лице + превоз) не е вклучен превоз.  Повратен превоз до Парга чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Парга
Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Парга:
Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Лукоил ) – Трансфер до Битола  – 45€ (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз) по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз)

– Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз Парга:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Пред спортска Сала)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Comments are closed