Сицилија

  • Екскурзија
  • Траење: 7 дена
  • Локација: Сицилија
sicilija-2

Сицилија, Италија

1 ден: Поаѓање од Охрид во касните попладневни часови. Патот води до Драч каде се качуваме на траект и пловиме до Бриндиси, Италија.2 ден: Пристигнување во градот Villa San Giovanni. Од тука се префрлуваме на Сицилија со траект. По кратко возење пристигнуваме во летувалиштето Đardini Naksos. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден: Појадок. Слободно предпладне. Во попладневните часови можност за организирање на факултативен излет до типично сицилијанско село Forza d’Agro и Savoka во кои е снимен легендарниот филм „КУМ“. Разгледување на катедралата Св. Луција каде пред влезот е снимена легендарната сцена на венчавање а после разгледот краток одмор со еспресо во барот “Viteli” каде Ал Пачино ја снимил прочуената сцена на запросување. Враќање во хотел. Попладне слободно време и можност за индивидуална прошетка до монденското и најубаво летувалиште на Сицилија – Taormine: прошетка по главната улица, Грчкиот амфитеатар,палатата Ди Стефано, црквата Св. Катерина, црквата Св. Никола, Градската општина, видиковецот… Ноќевање.

4 ден: Појадок. Факултативен излет до Etna и Katanija. Разглед на најголемиот и единствениот жив вулкан во Европа со преку 350 згаснати и неколку активни кратери кои се наоѓаат на висина од 3300 м. Со автобусот се пристигнива на висина од 1900 м. Слободно време за обиколка на порано згаснатите кратери каде постои можност за одење со жичара на висина од 3000 м. До кратерот кој последен пат бил активен во 2001 година. После обиколката одиме во Katanija. Панорамски разглед на градот кој е познат по црниот вулкански камен од Etna: катедралата, Универзитетскиот плоштад… Слободно време. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден: Појадок. Факултативен излед до Palermo и Monrealea. Пристигнување во Monrealea и разгледување на катедралата која е позната по византијските мозаици. После обиколката одиме за Palermo.Разгледување на плоштадите “Quattro Canti” и “Pratoria”, театарот Garibaldi i Masimo, Норманската палата… Слободно време. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден: Појадок. Поаѓање за Бриндиси. Патување со попатни паузи. Качување на траект за Драч. Од Драч ноќно патување до Охрид.

7 ден: Пристигнување во Охрид во утринските часови.


Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел 3* на Сицилија во популарното летувалиште Џардини Наксос на база ноќевање со појадок
  • Билет за траект во два правци
  • Организација и водство на аранжманот

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Боравишна такса (изнесува 8 евра по особа за 4 ноќевања и се плаќа на лице место во хотелот)
  • Влезници и факултативни излети
  • Доплати: климата се доплаќа во зависност од хотелот
  • Резервација на седишта: прв ред 20е, втор ред 15е, трет ред 10е, евра за особа.

Цени на факултативи по особа:

  • СИЦИЛИЈАНСКИ СЕЛА (Forza d’Agro и Savoka) 20 евра
  • вулканот ЕТНА и градот КАТАНИЈА – 25 евра
  • ПАЛЕРМО и МОНРЕАЛЕА – 55 евра
  • ПРОМО ЦЕЛ ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 85 евра

Начин на плаќање: 30% при резервација, останатиот дел 15 дена пред тргнување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ВЕНУС ТРАВЕЛ

Comments are closed