12 th Mediterranean Congress of PRM Malta 2017

                             

 06.11.2017-13.11.2017

Малта – азурно плаво море,златна обала,карпи кои го одземаат здивот и мистична историја. Архипелаг од три острови во срцето на Медитеранот, необичен спој на култури на бројните народи кои со векови се присутни на овие острови, големо историско наследство и прекрасна природа се единствен спој со кој ке ве маѓепса оваа мала земја.

1 ден 06.11.2017         СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок со патниците на аеродромот Александар Велики во 04:00 ам. Директен лет за Малта со тргнување во 06:10 часот, пристигнување во Малта 07:55 часот. По завршување на граничните формалности и преземање на својот багаж, следи трансфер до хотелот со панорамско разгледување на главниот град Валета изграден од Витезите на Св.Јован, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Поаѓање кон катедралата Св Јован – едно од најзначајните места на Малта во кое се наоѓа ремек делото на Караваџа “Одсекување

на главата на Јован Крстител” монументално платно и единствено дело кое што уметникот го потпишал. Се упатуваме кон улицата Република и одиме кон пазарот Св.Ѓорѓи, најважниот пазар во кој се наоѓа палатата Големиот Мајстор – административниот центар на Малта. Трансфер до хотел и сместување.

Слободно време за одмор. Ноќевање.

2 ден 07.11.2017       МАЛТА

Доручек. После доручекот се упатуваме низ сликовитите улички на Малта се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea. Посета на црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата. Поаѓање за Св.Луис најголемото туристичко место на Малта. Можност за индивидуални прошетки и слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден 08.11.2017       МАЛТА

Доручек. После доручекот се упатуваме на целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

4/7 ден 09.11.2017-12.11.2017       МАЛТА

Доручек. Време предвидено за учевство на Конгресот-СТРУЧЕН ПРОГРАМ. Во слободно време можност за факултативни излети. Ноќевање.

 8 ден 13.11.2017      МАЛТА-СКОПЈЕ

Доручек. Напуштање на собите до 5 часот рано изутрина. Трансфер до аеродром. Директен лет за Скопје во 8:25 часот со пристигнување на аеродромот Александар Велики во 10:10 часот.

 

Хотели и Апартмани  
Cavalieri Art Hotel 4*

http://www.cavalierihotelmalta.com/cavalieri-hotel

Booking.com

The George Hotel 4*

https://www.thegeorgemalta.com/

Booking.com

Hotel Marina Corinthia Beach Resort 4+*

http://www.marinahotel.com.mt/

Booking.com

Onyx Apartmens 4*

http://onyxmalta.com

Booking.com

Hotel Valentina 3*

https://www.hotelvalentina.com/gallery/

Booking.com

Hotel Argento 4*

http://hotelargentomalta.com/

Booking.com

Hotel Alexandra 3*

http://www.alexandrahotelmalta.com/

Booking.com

 

Dragonara Apartmens 3*

http://www.dragonaraapartmentsmalta.com/

Booking.com

Rokna Hotel 3*

http://www.roknahotel.com/

Booking.com

 

Golden Tulip Vivaldi Hotel 4*

http://www.goldentulipvivaldihotel.com

Booking.com

Nula Apartmens 3*

http://nula.com.mt/

Booking.com

 

 

Цена од 420  евра

Цената на аранжманот е по особа и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со WizzAir со вклучени аеродромски такси со димензии 42 х 32 х 25 цм ,Рачен багаж до 8кг
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Избраниот хотел на база 7 ноќевања со појадок
  • Панорамско разгледување на Валета
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на  Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН)
  • Факултативна посета на Гозо
  • Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса во хотел
  • Индивидуални трошоци
  • Котизација за учевство(повеќе информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош,
  • Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.ВЕНУС ТРАВЕЛ го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • За овaa програмa важат Опшите Услови на патување на Т.А ВЕНУС ТРАВЕЛ
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • ВАЖНО: Програмата може да биде 4 ноќи/5 дена со поаѓање од аеродромот во Белград, за подетални информации контактирајте не

Comments are closed