Солун – Паралија – Метеори

  • Локација: Солун – Паралија – Метеори
  • Траење: 2 дена
  • Цена: 2850 денари
solun-bela-kula

Солун, Грција

1 ден: (28.05.2016) Поаѓање од охрид во 05:00 часот. Патот води преку граничниот премин „Меџитлија“ со попатни паузи до Солун. Пи пристигнувањето, панорамско разгледување на Солун: Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Ротондата, Белата кула, Саемот, споменикот на Александар Македонски… Слободно време. Поаѓање за трговскиот центар „Космос“ на шопинг. Попладне поаѓање за Паралија. Сместување. Вечерта факултативна посета на грчка таверна со музичка програма и специјалитети на грчката кујна. Ноќевање.

2 ден: (29.05.2016) По појадокот заминување за Метеори со попатна посета на црквата Св. Петка во клисурата Темби. Посета на еден од средновековните манастири подигнати на високи камени карпи. Негово разгледување. Посета на фабрика за рачна изработка на икони. Факултативен ручек во ресторан во Каламбака со специјалитети од грчката кујна. Попладне заминување за Македонија со попатна пауза на free shop. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

Плаќање на 2 рати (исплата до пред тргнување)

Можност за плаќање со VISA, MASTER, MAESTRO CARD

Во цената се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на дадената релација
– Сместување во Паралиа на база едно ноќевање со појадок
– Разгледување на Солун
– Посета на трговскиот центар Космос
– Посета на црквата Св. Петка во клисурата Темби
– Посета на манастирската населба Метеори
– Пратител на групата за целото време на патување
– Организација и водство на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:

– Влезници за културно-историските споменици
– Патничко осигурување

Напомени во врска со факултативните излети: цените на факултативите се подложни на измени во зависност од бројот на патници.
Неопходен минимален број за изведување на факултативен излет е 30 патници – а во слушај на помал број пријавени патници цената на факултативата е подложна на измена према условите на локалната агенција инфо-партнер и организаторот на излетот го задржува правото да понуди корегирани, повисоки цени во однос на заинтересираниот број на патници кои истите не се обврзани да ги прифатат.

НАПОМЕНА:

·          Проверете го точното време и место на тргнување 2 дена предходно
·          Кај автобуските аранжмани предвидени се паузи на околу 3-4 саати возење. Паузите се на попатните уредени паркинзи или бензински пумпи а во зависност од условите на патот и капацитетот на паркингот или бензинската пумпа.
·          Времетраењето на слободното време за индивидуални активности во текот на програмата за патување зависи од објективни околности (пр. Должина на траење на разгледот, терминот на поаѓање…)
·          За сите информации кои се дадени усно или преку телефон агенцијата не сноси никаква одговорност. Валиден е само пишаниот програм за патување истакнат во просториите на агенцијата.
·          Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмот за патување поради непредвидливи и објективни причини (пр. Гужва на граница, гужва во сообраќај, затварање на некој од локалитетите предвидени за посета…)
·          Потписникот на договорот за патување или претставниците на група патници обавезни се да ги обавестат сите патници со договорениот програм на патување, условите за плаќање и осигурување како и  за општите услови за патување на организаторот на патувањето.
·          Малолетните патници доколку патуваат без родители или само со еден родител мораат да имаат заверена согласност од родителите или од другиот родител.
·          Патниците кои имаат странски пасоши должни се сами да се информираат кај надлежниот конзулат или амбасада за условите кои важат за земјата на патување или транзитната земја и самите благовремено и уредно да ги обезбедат потребните услови и документи.

 

КАЛКУЛАЦИЈАТА Е НАПРАВЕНА ЗА 45 ПЛАТЕЖНИ ПАТНИЦИ, МИНИМАЛЕН БРОЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОГРАМ Е 45 ПАТНИЦИ А ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОВОЛЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПЛАТЕЖНИ ПАТНИЦИ АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ИЛИ СПОЈУВАЊЕ СО ДРУГА АГЕНЦИЈА. ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОТКАЗНИОТ РОК НА АГЕНЦИЈАТА Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ. ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ВЕНУС ТРАВЕЛ НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ДРУГИ УСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ

ВАЖНА НАПОМЕНА: НАВЕДЕНИТЕ ВРЕМЕНСКИ ТЕРМИНИ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНА ВО СЛУЧАЈ НА НЕПРЕДВИДЛИВИ ОКОЛНОСТИ НА ПАТУВАЊЕТО. ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ЌЕ БИДЕ УТВРДЕНО ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ, А ОСТАНАТИТЕ ВРЕМЕНСКИ ТЕРМИНИ НА САМИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ПАТНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ОД СТРАНА НА ВОДИЧОТ НА КОНКРЕТНОТО ПАТУВАЊЕ.

Со овој програм важат општите услови за патување на агенцијата Венус Травел – Охрид

Comments are closed