Blanes

Брегот на Коста Брава опфаќа 160км од убавото живописно крајбрежје на Каталонија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милиони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели и туристички содржини, вгнездени покрај рибарските села и средновековните замоци. Коста Брава со Коста Марезме се протега од Барселона па се до француската граница. Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (во превод Див Брег) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното и природно богатство на Каталонија.Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал.

Comments are closed