Calella

Понудите се во изработка!

Жешкото сонце и недефинираните диви и волшебни Пиринеи на Југ, долгите, бели, песочни плажи на Медитеранот, љубовниот сок Сангрија и највкусната paella ја прават Шпанија незаборавна туристичка дестинација која претставува предизвик за секој турист.Брегот на Коста Брава опфаќа 160км од убавото живописно крајбрежје на Каталонија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милиони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели и туристички содржини, вгнездени покрај рибарските села и средновековните замоци. Коста Брава со Коста Марезме се протега од Барселона па се до француската граница. Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (во превод Див Брег) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното и природно богатство на Каталонија.

 

Comments are closed