Lloret De Mar

Лорет де Мар е место во Коста Брава, Шпанија, кое најчесто е посетувано од млади заради бројните можности за забава. Но, сепак, Лорет е место кое има многу повеќе од само забава.Овој модерен и динамичен град сместен на јужниот дел од Коста Брава се издвојува по можностите што ги нуди неговата локација – на 100 km од Франција и 75 km од Барселона, со шармантен брег со плажи и заливи, богато културно наследство, мали селца, средновековни замоци, цркви и градини.Лорет де Мар е град со долга историја, стар преку 1.000 години. Основан е од римјаните чии траги може да се видат во околината.Главната плажа долга 1.630 метри секоја година е наградувана со Сино Знаме, што значи дека е исклучително чиста, безбедна и ги задоволува еколошките стандарди. Всушност, вакви карактеристики имаат сите пет главни плажи на брегот долг 7 km. Вечерите и ноќите во Љорет де Мар може да ги поминете во амбиент по ваш вкус затоа што изборот е огромен – од традиционални таверни до современо уредени кафулиња, дискотеки, клубови, британски и германски пабови, домашни и интернационални ресторани.Лорет де Мар е место кое сигурно ќе ви овозможи незаборавен одмор.

Comments are closed